„Македонија пат“ апелира на внимателно возење. На повеќе патни правци има магла

Во соопштение за состојбата на патиштата во земјава, Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателност до возачите поради појава на магла и намалена видливост на неколку патни правци во државата.

Според соопштението на „Македонија пат“ од попладнево, намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија. Намалена видливост од 50 метри има на патниот правец Ресен – Битола и од 50 до 100 метри на патниот правец Прилеп – Битола.

Дополнително, од претпријатието информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

„ЈП ‘Македонија пат’ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“,се наведува во соопштението од „Македонија пат“.

Back to top button
Close