Македонија под „ризик„ од „Нуклеарна војна„?!

Пред нешто повеќе од две месеци еден мој другар колумнист ме запраша дали ќе одам на една „консултативна вечера„ во еден реномиран хотел во Скопје каде домаќин би бил поранешниот премиер Ковчевски (не овој технички 100 дена ДУИ-Албанец).

Зачуден го запрашав кој е поводот на поканетите над 60 гости за да знам која била пеилината што не ме поканил и мене. После дознав дека се работело за новинари, аналитичари, колумнисти, дуисти, сдсисти „проверопски„ ориентирани со цел со силата на аргументите да ги победат анти-НАТО, анти-ЕУ и анти-САД настроените интелектуалци, професори, аналитичари анти- вмровисти.

Јас ја испуштив „историската прилика„ да учествувам на една богата „проевропска вечера” и почнав да фантазирам и сонувам како би било една таква вечера, макар консултативна за евроинтеграции, да биде под покровителството на премиерот во некој крајбрежен европски град, на пример во Солун, Драч или Бургас со богато мену на морски специјалитети и да разговараме за европската иднина на земјата и да го прошириме проевропскиот фронт. За инает на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметката би била на сметка на Опен Балкан проширен со Бугарија и Грција., слично на Саемот за вино минатата година во Белград.

Дури ќе испеавме и по некоја песна под стимулсот на чаша вино.

И се помирив со судбината дека неканет гостин не се оди никаде.

Истражувајќи ги подлабоко причините на моето неканење на вечерата од „сигурни извори„ дознав дека власта ми „замерила„ дека не сум го поддржал проектот на Заев „цела Македонија марихуана„ со кој државата ќе станеше втора Швајцарија на Балканот; не сум ги афирмирал во доволна мерка светските чуда Соравија, Еуровија, М-НАВ-ија фамилјарни стебла до трето колено, како што ги спомнуваше премиерот Ковачевски афирмативно; не сум пишувал за талентираните млади бизнисмени кои преку ноќ стануваат мултимилионери во нивните 22 години живот.

Ниту пак тој проект на казината не ми бил прифатлив, иако Груби пред јавноста излезе триумфалистички со „речено сторено„ во полза на Албанците. Истражувачкото новинарство откри тука дека имињата на скоро цела плејада на фамилјарното стебло на шефот на кабинетот на вицепремиерот се наоѓат во разни управни одбори на српско-бугарски конзорциуми на казина и разни лотарии.

Дополнително на тоа не сум ги поддржал странските ПР консултанти од Израел и Австрија кои со години работеле (како пишуваат весниците)за нашите лидери и не сум ги пофалил нивните бизнис активности во полето на казината.

Една друга „забелешка упатена кон мене била зошто јас не го афирмирам владиниот проект „Македонија во Европа и светот„. Што подразбира тоа?

Имено, млади активисти на владината коалиција, една недела пред изборите трчаат по кафани, театарски претстави, кино салите по диско клубови и ги прашуваат младите незаинтересирани за политика дали сакат да бидат партиски активисти за време на изборите за да веднаш потоа ги испраќат како владини конзули во некои од светски метрополи или ги именуваат за директори во многу јаки економски гиганти или ги предлагаат за министри, заменици со висок ниво на европски плати.

Некои од тие партиски активисти „успеале„ на три дена пред изборите да бидат именувани на високи државни позиции: министри, директори, заменици на директори и др. Така ќерки, снаи, синови и татковци и зетови на високи функционери до трето колено, внуци и правнуци би се приклучиле кон нивните блиски роднини и би го сочинувале таканаречениот „европски фронт за евроинтеграција„ пардон за корупција и економски криминал.

Слушам овие денови дека една од поголеми замерки ми била запишано зошто сум бил лут зошто државните функционери тргнувајќи во нивниот „макотрпен пат „ за приклучување кон Европа прво ги качиле за 78% нивните плати наместо да ги пофалувам дека ако тие први влегуваат во Европа со европски плати тогаш останува надежта дека до 2030 година ќе се качуваат за некои 4-5% и платите на нас сиромашните. Тоа е европска перспектива која не треба да се испушти. Македонија има европска перспектива!

Надешта живот дава. Поранешниот премиер Ковчевски, кому пред два дена исто како и на неговиот министер, му е одобрена апанажа од 2500 евра месечно, кола и шест бодигарди (што му се потребни баш шест) ни дава надеж дека конечно нашле уставно решение да не растат платите на функционерите. Ово е предизборно ЕПП.

Ово е нешто слично како во „ Така збореше Заратруста„ од Ниче. Буржујите сакат да ја експлоатираат работничката класа а овие преку бунт сакат да ги симнат од власт.

Прашањето е дали и колку со оваа политика на највисоките плати на градоначалниците, претседателот на државата, пратениците, министрите, судиите, и тн. и тн. политичките партии од власта и опозицијата ќе ја мотивираат работничката класа да излезе на избори и да гласа за нивниот претеран луксуз што функционерите не го уживаа дури и во економски јаката Југославија. Од прогласување на независноста такво нешто не се памти..

Од учесниците на таа богата владина софра (ако е одржана) неколку од нив , професори и истакнати новинари веќе дење и ноќе се активни на терен. Читаат, анализираат , пишуваат и сонуваат како еден ден ќе победи европскиот фронт кој читам овие денови е пред распаѓање.

Верувам дека многу мина тоа го сторат од нивното европско убедување но сепак има и од таквите кои ги сакаат повеќе европските евра и бенефиции него нивното политичко убедување.

Албин Курти и Христијан Мицковски-како антиевропејци и антиамериканци!

Што е заедничко во политичкиот живот на Косово и Македонија?

Заедничкиот именител меѓу овие две држави е дека сегашниот премиер на Косово Албин Курти и можеби идниот премиер на Македонија Христијан Мицковски се „антиевропејци„ и „антиамериканци„.

Не го спомнав стоте дена техничкиот ДУИ-Албанец кој можеби погрешно отиде на безбедносната конференција во Минхен оти неговиот мандат е при крај-останало нешто повеќе од 70 дена и ДУИ-Албанците остануваат без премиер.

Непартиските Албанци со голема радост го очекуваат крајот на оваа електротехничка влада ати наместо со организирање на изборите тој се нафатил со идејно-политичка диференцијација на Албанците: кој е со Села-IN а кој со Таравари оut!

Тоа со министрите е сосема во ред и нема што да се жалиш-сакаш опозиција бујрум, сакаш власт бујрум! Нешто слично беше во комунизмот ама поблаго. Македонците не дискриминираа нас Албанците. Сега ДУИ Албанците ги дискримирале сите други Албанци. И никому ништа-нема жалби, нема протести.

Каде е сличноста меѓу Курти и Мицкоски?

Двајцата се тврдоглави. Двајцата се антиамериканци, велат власта во Македонија и опозицијата на Косово.

На пример: Курти не го послушал Ричард Гренел(американецот) советник на Трамп за поделба на Косово (договорено меѓу Тачи и Вучиќ) како и Ескобар за Асоцијата на српските општини на Косово. Нешто како српски свет. Нова СР Југославија, налик на таа од Тито.

Сега, после Алија со протестот за Курти, и српскиот претседател Вучиќ се огласи дека Курти претставува опасност за Балканот и сака да „владее„ во Северна Македонија и тоа тој нема да го дозволи.

Мицковски не ги послушал Американците оти има „проруско„ расположение и нема да дозволи измена на Устав според бугарскиот диктат и согласно тоа професорот по меѓународна политика и двајца угледни новинари му припишуваат голема вина и се плашат од можноста третата светска војна повторно да почне на Балканот, и тоа во Македонија.

Професорот и новинарите не советуваат нас Албанците ако ВМРО победи да не правиме коалиција со нив бидејќи се про Путин додека со Вучиќ може оти тој не е про Путин туку со Путин!

Спротивно на новинарите пријатели ме информирале дека Груби во една тв емисија несебично почна да станува милосрден и реши на ВМРО да му даде уште една шанса на заедничко коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ да се сетат на преубавите 11 заеднички години на коалицијски живот со Груевски.

Овие аналитичари се стават во улога на пророци: можно е Америка да ја „нападне Македонија„ не со „атомска бомба„ како што беше во Хирошима туку тоа ќе биде „нуклеарна војна„ поради тоа што Мицковски не му одговорил на американецот О’ Брајан како мисли опозицијата да ги спроведе уставните измени. Како О’ Брајан да е шеф на изборниот штаб на Мицковски!

Минатата година Македонија, пардон Република Северна Македонија согласно Преспанскиот Договор, ја достигна најголемата национална „афирмација„.

Успеавме во рамките на ЕУ да го афирмираме македонскиот јазик, кого најпосле „го признаваа„ и Бугарите.

Со нашата „далекусежна политика„ ги „натеравме„ Луи Мишел, Фон дер Лајен, Ескобар и ред европски и американски државници на наше тло да ни се обраќат на македонски јазик како доказ дека ЕУ го признава јазикот.

Џабе, Мицковски е тврдоглав, ништо не научил од колумната на професорот објавена пред десет години, наменета за Груевски: Немој да се шегуваш со Америка!

Не, професоре, тоа што го снајде Груевски а (не) ги снајде неговите блиски соработници не беше поради Америка туку поради злоупотреба на власта. Ама после целата та заврзлама социјалдемократската власт била толку демократска и миролубива и ги ослободила сите од злосторничкотоздружение на Груевски преку поништување на член 353 од кривичниот законик! Всушност со таквите измени на законот тие не го аболира здружението на Груевски туку себеси оти во случај на губење на изборите ги чекаат тешки денови.

Коњот од Троја на Таравари или Таравари како тројански коњ?

Во нашиот политички живот се појави нешто невидено од 1991 год : се појави гостиварскиот градоначалник и поранешен министер за здравство кој доживеа здравствена и политичка афирмација со познатото „Ало, Таравари„

Иако многу ценет кај сите слоеви на друштвото Албанци, Македонци, Турци, Срби, Бошњачки ( сите кои се во Преамбулата на Уставо, во иднина и Бугарите!) потоа покрај кај здравствената фела што беше високо ценет таков стана и кај новинарите. Некои му го признаваат и европското педигре на докторот. Европски професионалец и стручњак пар екселеанс, велат тие!

Но, сепак не треба да се крие дека Таравари  разочарал некои колумнисти. Пред една години Таравари се сокрил во стомакот на еден коњ од Троја, и привремено станал дел од Владата за да после една година кога требаше да докаже дека се настројува заедно со европскиот фронт за евроинтеграција, пардон корупција, ги изневери нив и го направи неочекуваното.

Еден февруарски сончев ден Таравари го виделе низ улиците на Гостивар качен на бел убав коњ од Троја и ги викал граѓаните-гласачи: „Промената започна!„

Македонија може и без Таравари-се развика Ковачевски!

Мухамед Халили

Back to top button
Close