Македонија попосакувана во ЕУ од Албанија, Србија и Косово

Истражувањето во четири земји-членки на ЕУ покажа дека повеќе се поддржува влезот на Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина во Унијата отколку членството на Албанија, Србија и Косово, пишува Радио Слободна Европа.
Истражувањето, чиј извор е „ЈуГов“ (британска меѓународна компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци на интернет), било спроведено во март годинава во Франција, Германија, Шпанија и Италија на 5.621 испитаник.
Кога станува збор за Црна Гора, испитаниците во Германија, Шпанија и Италија главно биле за влез во ЕУ, додека во Франција има повеќе кои се против влезот на Црна Гора.

Кога станува збор за Македонија, испитаниците во Шпанија, Германија и Италија главно биле за влез во ЕУ, додека во Франција има повеќе што се против влегувањето на Македонија.

Back to top button
Close