Македонија со нови санкции кон Белорусија за нејзината поддршка на руската агресија


Осум земји надвор од ЕУ се приклучија на најновиот пакет санкции на ЕУ против Белорусија поради нејзината поддршка на руската агресија во Украина, усогласувајќи ги своите политики со мерките усвоени од Советот на ЕУ на 23 јули, објави „Еуроњуз“ .

Меѓу нив, како што објави Европската Унија се наоѓа и Македонија.

Другите седум држави се Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Норвешка и Украина.

Санкциите се однесуваат на построги ограничувања за трговија со стоки и технологија што можат да ги зајакнат воените, технолошките, одбранбените и безбедносните капацитети на Белорусија. Дополнителни ограничувања се воведуваат и за увоз на стоки што можат да ѝ донесат на Белорусија алтернативен приход. Новите мерки го опфаќаат и белорускиот бизнис со крипто-средства во Европската Унија.

Сепак, се обезбедуваат исклучоци за да се обезбеди достапност на стоки и услуги неопходни за одржување на јавната интернет инфраструктура во Белорусија.

Back to top button
Close