Македонија со пет скијачи на ФИС Светското првенство во Австрија

Пет македонски скијачи ќе ги бранат боите на нашата земја на ФИС Светското првенство 2025 во алпско скијање во Австрија.

фото: EPA-EFE/Kimmo Brandt
фото: EPA-EFE/Kimmo Brandt

Јана Атанасовска, Мирко Лазарески, Виктор Петков, Данило Илев и Јаков Добрески се нашите овогодишни претставници на престижното ФИС Светско првенство во алпско скијање, кое ќе се одржи од 12 до 16 февруари 2025 година во Салбах, Австрија.

Овие натпревари претставуваат огромна можност за нашите скијачи да го покажат својот талент, да се натпреваруваат со најдобрите во светот и да стекнат непроценливо искуство на интернационалната сцена.

Македонската скијачка федерација продолжува посветено да работи и да вложува во развојот на младите спортисти, а овие натпревари се сериозен чекор напред за иднината на македонското скијање.

– Со нетрпение ги очекуваме нивните настапи во слалом и велеслалом, и им посакуваме многу среќа и успешни резултати – стои во објавата на федерацијата.

 

Back to top button
Close