Mакедонија спремна да носи гас во Kосово
Придобивките од користењето на природниот гас би биле огромни како за Македонија, така и за Косово, вели за Алсат Митко Андреевски експерт за енергетика. Според него, нашава земја е спремна да стартува со дистрибуција кон Косово, а бенефитот од тоа би бил двостран и за двете страни. Поголема енергетска сигурност, пониски цени и драстично намалено загадување на воздухот.
„Како ќе стигне природниот гас на Косово? Тој ќе стигне преку поврзување на веќе постоечкиот гасовод којшто е во Скопје во северниот дел од градот. Таму постои и е со капацитет од 800 милиони метри кубни и доаѓа од Бугарија и сме на околу 12 километри до границата со Косово. Потоа, косовската влада гасоводот треба да го развие во единиците на локалната самоуправа на нејзина територија“, рече Митко Андреевски, советник во владата за енергетика
Извор: Алсат