Македонија У18 одигра нерешнено против Словенија
Македонската фудбалска репрeзентација до 18 години одигра 1:1 на првиот контролен натпревар против Словенија на гостински терен во Птуј.
Нашата млада селекција одигра одличен меч, посебно во второто полувреме. Имавме неколку солидни шанси и навистина можеме да жалиме што не постигнавме втор погодок. Голот за Македонија го постигна Ненад Дамјановски.
Втoрата контролнa средба е закажана за утре на истиот терен во Птуј со почеток во 11:00 часот.