Владата во вторник ќе носи одлука за доделување средства на ЈСП за бесплатниот превоз за студентите

На владина седница што ќе се одржи на последниот ден од годинава ќе се носи одлука за потпишување на договор со цел на сметката на ЈСП „Скопје“ да се префрлат средства за субвенционирање на јавниот превоз за студентите, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

„Средствата се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31 декември, откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука да се потпише договор за да може веднаш да бидат префрлени на ЈСП бидејќи сесијата започнува во јануари и студентите да може беспрекорно да го користат јавниот превоз во Скопје“рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Пред неколку дена, Универзитетското студентско собрание при УКИМ по средбата со скопската градоначалничка Данела Арсовска упати апел до Владата и до МОН да релоцираат средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Back to top button
Close