Македонија во кругот на реакционерните земји во ОН – прв пат гласавме против правото на палестинците на самоопределување

Советот за човекови права на Обединетите нации усвои две резолуции презентирани од Палестина кои ја потврдуваат незаконитоста на израелската окупација и го поддржуваат правото на палестинскиот народ на самоопределување.

Според првата резолуција израелската окупација на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, е против меѓународното право и мора да престане. Резолуцијата повикува на конфискација и бојкот на „субјектите кои работат во нелегални израелски населби“ и се повикуваат на одговорност сторителите на насилството меѓу израелските доселеници. Оваа резолуција беше усвоена со 34 гласа „за“, 10 земји беа „воздржани“, а три беа „против“.

Во втората резолуција се изразува поддршка за неотуѓивото право на Палестинците сами да ја одредуваат својата судбина, вклучително и нивното право да основаат независна држава и да живеат во слобода, правда и достоинство.

Таа беше усвоена откако доби 43 гласа за поддршка, при што две земји беа „воздржани“ и две „против“.

Македонија во двата случаја гласаше против.

Зaедно со Чешка и Етиопија беше против резолуцијата според која израелската окупација на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, е против меѓународното право и мора да престане. Само Македонија и Чешка беа против правото на Палестинците на самоопределување.

Македонија досега никогаш не гласала против правото на самоопределување на палестинскиот народ. ова е резултат на паѓањето под новите власти во меѓународната политика, во кругот на реакционерни малобројни држави (не конзервативни туку реакционерни) што е политички скандал во нашата надворешна политика

Во октомври минатата година Северна Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на избор што се одржа во Генералното собрание на ОН во Њујорк. Таа одлука е резултат на претходните залагања за човековите права, правата на малцински и ранливи групи и целокупниот корпус на мултиетничка демократија која ја развива.

Back to top button
Close