Македонија – земја со најголем опфат на корисници на субвенционирана цена на струја од земјите во регионот

 

Од почетокот на кризата, Владата меѓу првите мерки за помош што започна да ги реализира беше субвенционирање на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Владата тврди дека субвенционирањето е во висина од 80 отсто од износот на сметката што би стигнала доколку не се субвенциите.

Вчера, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во апсолутни бројки посочи дека секое семејство годинава е субвенционирано по 21.000 денари за сметките за електрична енергија.

Поделено со 12 месеци, тоа значи дека месечно секое семејство во просек добило за 1.750 денари пониска сметка за струја.

Покрај ова дополнителни над 4.000 семејства со ниски приходи добиваат помеѓу 600 и 800 денари дополнителна субвенција за сметките за електрична енергија.

Цената на електричната енергија е субвенционирана и за малите компании кои, според вицепремиерот Битиќи цената на струја ја плаќаат по 220 до 260 евра за мегават час, кога цената на берзата изнесува околу 500 евра мегават час, односно дека набавуваат двојно поевтина струја од онаа што е на берзата.

Од неодамна, со одлука на Владата на регулираниот пазар, односно поевтина струја е достапна и за средните и основни училишта, како и за производителите на основни прехранбени продукти.

Сето ова ја прави Македонија една од земјите каде опфатот на корисници на субвенционирана цена на електрична енергија.

Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина исто така ги помагаат своите граѓани си енергетски ваучери, но кај нив фокусот е ставен на ранливите категории граѓани, додека субвенционирањето на крајната цена за потрошувачите е далеку пониско од оние 80 отсто колку што изнесува во Македонија.

преземено од 24info.mk

Back to top button
Close