Македонка сакала нелегално да изнесе 89 илјади евра од Бугарија


Бугарската гранична полиција привела државјанка на Македонија откако кај неа биле пронајдени скриени 89.000 евра, соопштија тамошните полициски власти.

Настанот е пријавен на 29 август, кога 40-годишна државјанка на Македонија, патувајќи со автомобил, пристигнала на граничниот премин „Ѓуешево“ за излез од Бугарија. Граничната полиција побарала заеднички преглед со царинските службеници. Кај 40-годишната патничка биле пронајдени скриени 89.000 евра кои биле залепени и скриени под нејзината облека.
[

Како што информираат бугарските медиуми, покрената е брза истрага, а жената е приведена.

Се работи на расветлување на случајот.

Back to top button
Close