Македонска државјанка била пријавена за исчезната во морето кај Халкидики, подоцна била најдена на копно во добра состојба

Во потрагата биле вклучени патролен брод на крајбрежната служба, три приватни чамци, како и две патролни возила кои пребарувале на копно

 

Грчката крајбрежна служба успешно ја пронашла 63-годишна македонска државјанка, која била пријавена за исчезната додека пливала во морскиот дел кај Неа Каликратија на Халкидики. Жената е пронајдена на копно во добра здравствена состојба и не побарала медицинска помош, пишува дописничката на МИА од Атина.

Акцијата за пребарување почнала откако вчера попладне Единствениот центар за координација на истрага и спасување добил пријава за исчезнатата капачка.

Во потрагата биле вклучени патролен брод на крајбрежната служба, три приватни чамци, како и две патролни возила кои пребарувале на копно. Благодарение на координираната акција, жената е пронајдена на копно во истата област.

Според информациите од грчката крајбрежна служба, жената, чиј идентитет не е откриен, се чувствува добро и не сакала никаква медицинска интервенција

Back to top button
Close