Македонската репрезентација комплетна на ЕУРО2020, Барди негативен на коронавирус

– Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав ги продолжува завршните подготовки пред настапот на ЕУРО2020, откако играчот од средниот ред Енис Барди денеска доби негативен наод на тестирањето за Ковид-19.

Барди поради позитивен тест на коронавирус беше во изолација од 26 мај и го пропушти досегашниот тек од подготовките, вклучувајќи ги и двата контролни натпревари во Скопје, против Словенија (1:1) и Казахстан (4:0).

Веста за приклучување на Барди кон националниот тим на социјалните мрежи ја објавија ФФМ и селекторот Игор Ангеловски, кој на својот Фејсбук профил напиша „Добредојде дома“, илустрирајќи со заедничка фотографија со репрезентативецот.

Македонските фудбалери во вторник заминуваат за Букурешт каде на 13 јуни го играат првиот натпревар на ЕУРО2020 против Австрија со почеток од 18 часот.

Back to top button
Close