Македонската репрезентација победи со 3:0 во чест на загинатите во Кочани

Македонската фудбалска репрезентација издвојува победа над Лихтенштајн од 3-0 во квалификациите за Светското првенство кое наредната 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Националниот тим ја продолжи добрата традиција во пресметките со Лихтенштајн и забележа рутински триумф во Вадуц што дефинитивно е одлична најава за битката со Велс за три дена на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Натпреварот помина во знакот на жртвите во трагедијата во Кочани, а публиката во 59. минута со аплауз симболично оддаде почит на загинатите. Исто така фудбалерите пред почетокот на натпреварот на загревањето излегоа со маици на кој беше испишано името на градот и датумот кога се случи трагедијата

 

Back to top button
Close