Македонската Влада исполнува 79,14% од индикаторите на отвореност

Резултатите од последниот мониторинг на Фондација „Метаморфозис“ покажуваат дека владите во државите од регионот не постигнале значителен напредок во однос на проактивна транспарентност и отвореност кон граѓаните.

Најдобри резултати меѓу владите постигнуваат Владата на Северна Македонија, која исполнува 79,14 % од индикаторите на отвореност, и Советот на министри на БиХ, со исполнети 73,31 % од индикаторите на отвореност.

Следува Владата на Црна Гора со индекс на отвореност од 68,87%, па Србија со 54,94%.

Според „Метаморфозис“, следни се владата на Република Српска со 38,2%, односно Владата на БиХ со 37,57% транспарентност и отвореност кон граѓаните

Back to top button
Close