Македонски државјани украле 150 литри гориво од камион во Словенија

Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен.

Според полицијата, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво. Со оглед на тоа што живееле во Словенија и имале регулиран статус, полицијата по консултација со обвинителството ќе поднесе пријава против нив.

Back to top button
Close