Македонски државјанин осуден за убиство во Швајцарија извршено пред 24 години!

Повозрасен човек по потекло од Северна Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години, пишуваат швајцарските медиуми.

Тамошниот суд го осудил македонскиот државјанин (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година

Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер, пред 24 години, упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на брачниот пар и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.

Осомничениот од самиот почеток негирал вмешаност во грабежот, а неговиот адвокат побарал ослободителна пресуда

Back to top button
Close