Македонски олимписки комитет: Дејан горди сме на тебе

– Македонскиот олимписки комитет (МОК) му честиташе на таеквондистот Дејан Георгиевски за „најголемиот олимписки и спортски успех од независноста на македонската држава“ што го постигна со освоениот сребрен медал на Игрите во Токио.

– Дејан Георгиевски, новиот македонски херој е освојувач на сребрен олимписки медал од Олимписките игри Токио 2020. Честитки и за тренерот на Дејан, Борче Костовски, кој извонредно ја постави тактиката на Дејан за да стигне до финалето на Олимписките игри. Македонскиот народ мора да се гордее со Дејан, кој веруваме дека ќе има пречек каков што заслужува олимпискиот шампион, објави вечерва МОК на својот Фејсбук профил.

Во честитката МОК изрази надеж дека пред 22-годишниот Георгиевски сè уште многу светли моменти во кариерата

– Златното момче Македонче, ќе се подготвува за Олимписките игри во Париз 2024 и за уште многу други олимписки, светски и европски медали. Дејан, горди сме на тебе, горди сме што живееме во твојата Олимписка ера, истакна МОК во честитката до Георгиевски.

Back to top button
Close