Македонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми

Ги информираме корисниците дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ од 21 јуни 2020 с вели во соопштението на Македонски Телеком. Во него се додава дека прекините се резултат на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни и ретроактивни обврски за пререгистрација на сите странски канал.
„На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност и кај нашите корисници, се вели во соопштението во кое се додава дека и покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, ситуацијата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сѐ повеќе се комплицира.
Од Телеком наведуваат дека одлуката за времени прекини ја поддржуваат операторите кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија, кои се одлучни и сложни да пристапат кон исклучуваење во знак на протест. Причината за ваквиот чекор е усвојувањето на неуставните измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Поради тоа, oператорите поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот, за што сеуште очекуваме разрешница, велат од Телеком
Со овој Закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои не ги креираат туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Ова значи дека не постои можност каналите да се регистрираат, а со тоа и да се реемитуваат, но никако не значи заштита на авторските права под кој превез беа донесени неуставите измени на Законот, бидејќи начинот на реемитувањето на програмите и заштитата на авторските права и до сега беа уредени со закон и во согласност со ЕУ стандардите, велат од Македонски Телеком.
. Со оглед на сериозноста на ситуацијата, од Македонски Телеком сметаат дека треба да алармираат за потенцијалната можност за целосно згаснување на платформите за реемитување на програмските содржини по 8.08.2020 година. По овој потег постои ризик дека Македонски Телеком ќе биде принуден целосно да ја исклучи ТВ платформата поради економска неисплатливост да оперира со истата во иднина , се вели во денешното соопштение од Македонски Телеком