Македонски Телеком: Од полноќ разговорите и СМС пораките кон која било мрежа во Украина се бесплатни

Македонски Телеком информира дека вечерва од полноќ, разговорите и СМС пораките од Македонски Телеком кон која било мрежа во Украина се бесплатни.

„Во овие тешки времиња, нашите мисли се со граѓаните на Украина. Во знак на солидарност, ја нудиме нашата помош, кога е најпотребно. За да останат во непречен контакт со најблиските, од полноќ, 26.02.2022, до следното известување, разговорите и СМС пораките од Македонски Телеком кон било која мрежа во Украина, за сите приватни и деловни корисници, се бесплатни. Бесплатни се и разговорите и СМС пораките во роаминг во Украина кон сите други земји“, се вели во соопштението на Македонски Телеком.

Back to top button
Close