Македонскиот јазик не се поставува како мезе на маса, тврди министерката за култура

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во вечерашното интервју за емисијата „24 анализа” изјави дека во дијалогот со Бугарија воопшто не се преговара за македонскиот јазик и идентитет.

 

 

– Како професор по јазик ми пречи дискурсот којшто се наметнува во јавноста дека некој некаде седи на маса и како мезе го поставува македонскиот јазик и идентитет. Морам да го освежам сеќавањето дека зборовите на Блаже Конески остануваат сеприсутни: „Се дури го имаме јазикот, ја имаме и државата”. Зборуваме за македонски јазик којшто е посебен, засебен, никој никаде не го разнебитува јазикот, ниту идентитетот. Не се преговара, ниту било побарано тоа од нас, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа, меѓу другото во интервјуто, истакна и дека сите плати на културните работници се исплатени и сите договорни услуги.

Back to top button
Close