Македонскиот и албанскиот јазик да бидат рамноправни како во Југославија – услов на АА за уставните измени

За уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот ќе гласаме, откако ќе се усвојат нашите сет мерки. Една од најважните мерки ќе биде во Уставот да се вметне албанскиот јазик, на местото каде стои над 20%, рече ВД претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на прес конференцијата која ја одржа во Тетово.

-До крајот на идната недела ќе предложиме пакет на мерки пред главните амбасадори, потоа ќе се презентираат пред медиумите. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие. Првиот предлог, едно од нашите барања ќе биде да го тргнеме тоа 20% , да биде барем како во Југославија што беше, Албанскиот и Македонскиот јазик беа јазици кои официјално се користеа. Јас се надевам дека има подготовност од сите Македонски политички партии тоа да се прифати и тоа да го поминеме и да се концетрираме на важни прашања, рече Таравари.

Тој истакна дека засега нема никаква понуда за неговата партија да биде дел од власта, а и да има ќе се одлучува преку партиските тела. Овие предлози Алијансата ќе ги презентира пред амбасадите и јавноста наредната недела.

Back to top button
Close