Македонскиот и бугарскиот премиер го осудија инцидентот во Охрид: Ковачевски му ветил на Донев разрешница на случајот

Донев побарал од страна на локалните власти итно да бидат преземени сите неопходни мерки за заштита на Бугарите во земјава „од какви било инциденти предизвикани од омраза“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со неговиот бугарски колега Галаб Донев, во кој дал уверување дека случајот со претепаниот oхриѓанец, кој бил секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, ќе добие разрешница, јави БТВ.

Според телевизијата, Донев го осудил „нападот врз Христијан Пендиков“ и во разговорт со Ковачевски „го означил како целосно неприфатливо, опасно, криминално дело извршено врз државјанин на Република Северна Македонија со бугарска самосвест“.

Донев побарал од страна на локалните власти итно да бидат преземени сите неопходни мерки за заштита на Бугарите во земјава „од какви било инциденти предизвикани од омраза“.

Тројца охриѓани завршија во притвор, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава во врска со нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, информираа попладнево од охридската полиција.

Тројца охриѓани завршија во притвор поради нападот на секретарот на бугарскиот клуСекретарот на клубот „Цар Борис Трети“ кој синоќа бил нападнат од други три лица во угостителски објект во Охрид, со бугарски владин авион ќе биде транспортиран и ќе се лекува во болница во Бугарија.

Ова денеска го најавија од Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија од каде нагласија дека во случајот се вклучени сите надлежни бугарски институции.

Бугарија со владин авион ќе го пренесе натепаниот секретар на „Цар Борис Трети“ во бугарска болницаСиноќешниот инцидент во Охрид, за кој првично објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „Бугарија он ер“, наиде на категорична осуда од официјална Софија, според која, нападот е „последица на тоа што од институциите на Северна Македонија нема системски одговор на злосторствата над граѓаните кои се идентификуваат како Бугари“.

Во меѓувреме, бугарското МНР најави дека ќе ја повика амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска, за да ѝ врачи протестна нота за синоќешниот инцидент.

 

Back to top button
Close