Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи побара темелна истрага за убиството на косовскиот полицаец
Македонскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи го осуди убиството на полицискиот службеник на северот на Косово и побара темелна истрага и гонење на сите одговорни за овој чин на насилство. Тој порача дека стабилноста и безбедноста на Косово нема да бидат нарушени од акти на насилство и истакна дека безбедноста на граѓаните е најважна.
Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција соопшти дека терористичките напади на организирани банди на северот на Косово продолжуваат и во прилог покажа неколку фотографии од вооружените групи. Дополнително, кажа дека нема сомнеж дека главен виновник e Србија која ги поддржува нападите
„Законот ќе се спроведи бидејќи мора да се одбрани и да се зачува независноста на Косово. Напаѓачите ќе бидат фатени, ќе им биде судено и ќе бидат казнети“рече Курти.
Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово беше убиен, а други двајца се здобија со повреди, но се надвор од животна опасност. Поради сериозноста на ситуацијата, блокирани се сите приоди кон селото Бањска и привремено се затворени граничните премини што водат кон соседна Србија.