Македонскиот премиер и министрите со двојно пониски плати од косовските и десет пати помали од австриските


Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски има плата од 88.260 денари или безмалку 1.500 евра, додека платите на вицепремиерите и министрите се околу 70 тина илјади денари или речиси 1.200 евра.
Тоа е речиси двојно помалку од она што како плата го добиваат нивните косовски колеги. Во Косово, платата на премиерот изнесува 2.950 евра, на вицепремиерите е околу 2.500 евра, додека министрите имаат плати од по 2.000 евра.

Ако овие плати на македонските министри се споредат со владите од земјите во ЕУ, разликата е уште подрастична.

Така на пример, платата на канцеларот во Австрија изнесува 22.640 евра, додека на министрите таа е нешто над 18.000 евра, односно дури над десет пати поголеми од примањата на македонските министри.

Во соседството повисоки плати имаат и премиерите и министрите на Грција, Албанија и Бугарија, додека платите во Владата на Србија се приближно колку и македонските.

преземено од 24инфо.мк

 

Back to top button
Close