Македонските алпинисти се простија од загинатите колеги Зоран и Драган: Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам

Откако полицијата потврди дека две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш, членови на алпинистичкиот клуб „Плоча” од Радовиш, ангажирани за чистење на високи, недостапни силоси, сочуство за загинатите колеги изрази Македонската алпинистичка федерација, преку својот Фејбук профил.

„Македонската алпинистичка федерација со неверување ја прими информацијата за несреќата во еден од силосите на рудникот „Бучим“. Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата. Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг. Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, објавија од МАФ.

Полицијата денеска соопшти дека починатите Зоран и Драган се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча” – Радовиш кои биле ангажирани за извршување работни задачи-чистење на високо недостапни силоси.

На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим” веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираа од рудникот.

На местото на трагичната несреќа увид извршика полициски екипи и јавен обвинител.

Back to top button
Close