“Македонските Бугари” денеска на средба кај Вархеји: Ќе се жалат дека се дискриминирани

Комесарот за соседски прашања и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји денеска во Брисел ќе се сретне со претставниците на “македонските Бугари”, јави известувачот на БГНЕС.

Средбата е на барање на “македонските Бугари” поради “институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив во Република Македонија”.

Тие ги повикуваат европските институции да помогнат во намалувањето на секојдневниот притисок врз граѓаните на РМ, кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го бранат своето “македонско бугарско наследство и идентитет”.

Бугарите ќе ги претставуваат Петар Колев, Георги Трендафилов и Љупчо Георгиевски.

Back to top button
Close