Македонските фудбалери ќе продолжат во нова опрема

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на социјалните мрежи најави новина во репрезентацијата. Соработката на ФФМ со спортската опрема „Јако“ истече и според најавата фудбалерите во иднина ќе носат дресови на светски познатата компанија – Адидас.

На календарот на ФФМ е прикажан „патот“ од самиот почетокот на дресот од 1993 година до последниот редизајн. Наскоро и новата опрема ќе биде присутна. „Горди на традицијата, подготвени за нов почеток“.

Македонските фудбалери во новата опрема за првпат ќе се појават во месец март кога е закажан бараж дуелот со Данска за Светското првенство

Back to top button
Close