Македонските фудбалери ги прават завршните подготовки пред дебитанскиот настап

Во одбројување до почетокот на премиерниот натпревар од групата Ц во рамки на ЕУРО22020 против Австрија, в недела, македонската фудбалска репрезентација ги приведува во завршна фаза подготовките за својот дебитантски настап на континенталниот собир.

Македонската репрезентација, која од вчера е сместена во хотелот „Мериот Гранд‘“ во романската престолнина, попладнево во комплетен состав го одржа и вториот тренинг на Националната арена во Букурешт.

Спроти дуелот против Австријците, во Букурешт веќе почнаа да пристигнуваат и првите македонски навивачи, чија бројка в недела се очекува биде околу 5 000, согласно протоколот на УЕФА за максимална исполнетост до 25 отсто на Националната арена со капацитет од 55.600 седишта.

Back to top button
Close