Македонските граѓани со адреса во Бугарија со години не гласаат

Македонските граѓани со бугарско потекло и со постојана адреса во Бугарија се повторно на избирачките списоци, но со години не гласаат, соопшти БНР од Благоевград.

Во делот во благоевградското село Бело Поле се запишани имињата на повеќе од 8.200 гласачи, за 1.600 повеќе од претходните парламентарни избори и како што јавува МИА од Софија, претседателите на секциските комисии, Дора Зашева и Антон Василев, се работи за интересно преливање на македонски граѓани со постојана адреса во Бугарија во две соседни села во благоевградско.

-Сега има 1.590 гласачи, а на претходните избори имаше 3.200. На претходните избори на 11 јули беа 6.500 сега се 8.235. Де факто овие 1.600 луѓе од Рилци ги преселуваат во Бело Поле, изјавиле тие.

Според локалните медиуми, по обемниот увид на обвинителството за нивната регистрација во селото Рилци, тие се намалени за 1.600, а за исто толку се зголемени во Бело Поле, како што може да се види од избирачките списоци.

Околу 25.000 македонски граѓани со бугарско потекло имаат постојана адреса во општина Благоевград, а во областа нивниот број, според неофицијални информации, е над 35.000. Бидејќи не гласаат, тоа влијае на излезноста, која досега е многу мала.

На претходните парламентарни избори во Бугарија на 11 јули, министерот за внатрешни работи на земјата Бојко Рашков информира за отворени канали за купување гласови преку обезбедување на македонски државјани со бугарско потекло да гласаат на изборите.

Back to top button
Close