Македонските историчари одбиле да разговараат за конкретна историска тема, тврди Димитро

Копретседавачот од бугарска страна даде изјава во бугарското МНР, откако денеска заврши дводневниот состанок на мешовитата историска комисија

Досега бев убеден дека сме мешовит комитет за историски и образовни прашања, но од денешниот 14. состанок по ред почнувам да се прашувам дали е тоа навистина така, изјави денеска бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и С Македонија, Ангел Димитров, во изјава за медиумите во бугарското Министерството за надворешни работи, а по дводневниот состанок на Комисијата, јави бугарската новинска агенција „Фокус“.

„Вчера нашите колеги категорично одбија да разговараат за конкретна историска тема. Нешто што не е само типично, туку и неизбежно за професионалните историчари“,рече Димитров.

Од македонскиот тим во историската комисија најавија соопштение по денешниот состанок.

Димитров рече дека ќе има нова 15. средба во октомври и додава дека летните месеци, сепак, ќе отворат можност за премостување на разликите.

Back to top button
Close