Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Б дивизијата, откако денеска во Истанбул загуби од Бугарија со 80:62 во рамки на групата Д.

Македонските кошаркарки беа во негатива на полувремето (40-29), а предноста на Бугарија достигна највисоки плус 19 во финишот на третата четвртина.

Со серија од 14-1, македонскиот состав се доближи на негативата од само шест поени (54-60) во последната четвртина, но не успеа во финишот да дојде до резултатски пресврт.

Во првото коло, македонската репрезентација загуби од Грција, а шанса за прв триумф на турнирот ќе има в недела против Литванија.

Back to top button
Close