Македонските одбојкари поразени и од Словачка

Македонската одбојкарска репрезентација загуби и во вториот натпревар од годинешното издание во ЦЕВ Европската Златна лига.

Попладнево во Братислава Македонија загуби од домаќинот на првиот турнир, Словачка, со 3:0 (25:21, 25:22, 25:23).

Вчера „црвено-жолтите“ загубија од Финска, исто така со максимални 3:0.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 17 поени беше лидер на екипата, додека Александар Љафтов го следеше со 10 поени, а Филип Савовски реализираше осум.

Македонската репрезентација утре попладне се враќа во Струмица, а веќе в среда патува за Рига, каде го игра вториот турнир од ЦЕВ Европската Златна лига.

Back to top button
Close