Македонските одбојкари се пласираа во финалето на Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе настапи во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига што се игра денеска и утре во салата „Парк“ во Струмица. Нашите одбојкари во првиот полуфинален натпревар ја совладаа репрезентацијата на Хрватска со 3:2, по сетови 15:25, 25:19,25:22,21:25 и 15:12.

жПо лошиот влез во натпреварот и водството на Хрватите со 1:0, во вториот сет нашите одбојкари успееја да ја анулираат предноста на противникот од 11:6 и откако израмнија на 14:14, успееја да поведат со 18:12 и 21:16 и да стигнат до 1:1 во сетови.

Во третиот сет се играше поен за поен се до 20:20, но финишот им припадна на домашните одбојкари и наместо да продолжат со тоа темпо, во четвртиот сет им дозволија на хрватските одбојкари лесно да дојдат до 2:2 во сетови.

Во петтиот, одлучувачки сет по водството на гостите од 3:6, промената на страните заврши во полза на македонските одбојкари со 8:7. До крајот на сетот и натпреварот Македонија не дозволи изненадување и сосема заслужено славеше со 3:2.

Во изјавите по натреварот нашите одбојкари ја потенцираа гокемата борбеност и желбата пред својата публика да покажат дека имаат сили за освојување на златниот медал.

-Денеска победивме сите заедно.Така очекувам да биде и во финалето и најбитно е да стигнеме до златото, рече Филип Деспотовски.

-Тежок натпревар. Гиневме на теренот како и секогаш и успеавме. Доколку утре покажеме малку поквалитетна игра убеден сум дека ќе завршиме на прво место, изјави Ѓорѓи Ѓоргиев.

-Бев убеден дека ќе победиме, иако почнавме многу лошо. Сакам да се извинам за тоа на гледачите, но тремата си го стори своето бидејќи прв пат играме пред публика по една и пол година. Во финалето ја очекувам Данска, но се зависи од нас и треба да дадеме максимум, рече Александар Лафтов.

-Пред оваа публика имаме грижа на совест и мораме да ја израдуваме и сметам дека сами на себе си направивме притисок. Хрватската репрезентација е многу добра и јас на моите другари им реков дека нема да биде лесно. Во првиот сет излезе лошото, а во четвртиот сет мислевме дека победата ќе дојде сама, но по лошиот почеток во петтиот сет дојдовоме до оваа голема победа, рече капитенот Ѓорѓи Ѓоргиев.

Стандардниот репрезентативец Владо Милев се повреди на овој натпревар и утре нема да настапи во финалето.

Во вториот полуфинален натпревар се сретнаа репрезентациите на Унгарија и Данска, а победникот од оваа средба ќе биде противник на нашите одбојкари во финалниот натпревар, кој се игра утре со почеток во 20 часот.

Back to top button
Close