Македонските одбојкарски селекции ги дознаа противниците на ЕМОФ 2025

 

Машката и женската одбојкарска репрезентација до 18 години кои настапат на Европските младински Олимписки игри (ЕМОФ) 2025 во Скопје ги добија противниците во групната фаза.
Во двете конкуренции ќе настапат по осум селекции кои се поделени во две групи по четири екипи, кои прво ќе разигруваат во групна фаза, по што ќе се играат натпреварите за пласман.
Во машка конкуренција Македонија е дел од групата А заедно со Франција, Белгија и Словенија, додека во групата Б се Италија, Полска, Финска и Чешка.
На женскиот одбојкарски турнир, Македонија, исто така, е во групата А во која ги пречекува Италија, Турција и Словенија, додека во групата Б разигруваат Германија, Полска, Унгарија и Хрватска.
Натпреварите во одбојка на ЕМОФ 2025 ќе се одржуваат во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 21 до 26 јули.

Back to top button
Close