Македонските пинг-понгари се подготвуваат за европското првенство во Загреб

– Македонските репрезентации во пинг-понг по настапот на европското првенство во Полска и балканското првенство во Бугарија го продолжуваат континуитетот на учество на меѓународните натпревари. Јуниорската и кадетскатата репрезентација ќе учествуваат на европското првенство во Загреб

Првенството ќе се одржува од 18 јули до 1 август, а во составот на репрезентацијата ќе учествуваат пет играчи.

– И покрај строгите ковид-протоколи кои мора да се почитуваат од сите учесници, како и откажувањето на поголем број репрезентации, ППФСМ одлучи репрезентацијата да учествува на ова натпреварување со цел младите играчи да се добијат искуство од големите натпреварувања, соопшти ППФСМ.

Back to top button
Close