Македонските ракометари денеска го почнуваат настапот на Светското првенство

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот ќе го одигра својот прв натпревар на 28. Светско првенство кое се одржува во Краков, Полска. Ракометарите на вечерашниот меч против Норвешка го играат воведниот натпревар во групната фаза, на својот осми настап на мундијалските турнири, а шести во серија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчера одржаа тренинг во „Таурон арена“, каде што денеска, според најавите, ќе имаат голема поддршка од македонските навивачи.

Пред тргнувањето за Краков, Лазаров рече дека сака Македонија да биде како Норвешка, но да има и свој идентитет кој во догледно време ќе донесе пласман на високи позиции.

Вo недела, на 15 јануари, македонските ракометари играат против селекцијата на Холандија од 18 часот, а два дена подоцна во истиот термин ќе играме против Аргентина.

Првите три селекциите од групата одат во следната, главна рунда, а последниот оди во Президент купот.

Back to top button
Close