Македонските ракометари победија на првиот тест пред Европското првенство


Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ја совлада попладнево во Стара Пазова селекцијата на Црна Гора со 39-37 во првиот од серијата контролни натпревари пред јануарското Европско првенство во Германија.

Двете репрезентации одиграа три полувремиња од по 30 минути, а на полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа водство од 22-17. Во дополнителните 30 минути, резултатот беше 15-14 за македонската репрезентација.

Со натпреварот против Црна Гора, избраниците на селекторот Лазаров ги комплетираа мини – подготовките во Србија и по враќањето во Македонија повторно ќе се соберат на 2 јануари, по што следуваат контролни натпревари против Грција на 4 и 5 идниот месец.

Настапот на Европското првенство репрезентацијата на Македонија го стартува на 10 јануари во премиерниот дуел против Франција во Дизелдорф, во рамки на групата А во која се и домаќинот Германија, како и Швајцарија.

Back to top button
Close