Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Литванија 26-17 и се пласираше на уште едно Европско првенство, осмо по ред.

Македонските ракометари одиграа фантастичен меч и лесно и убедливо го совладаа противникот кој пак одлично влезе во мечот.

Литванија на стартот имаше серија од 4-0, но како одминуваше натпреварот нашите ракометари брзо го свртеа резултатот. На полувремето беше 13-11 за ракометарите во црвени дресови.

Во вториот дел дојдовме до предност по која беше јасно дека Литванија нема што да бара во Скопје, Македонија играше одлична одбрана, одличен беше и нападот.

Конечниот резултат гласеше 26-17.

Мартин Томовски со десет одбрани повторно блескаше, најефикасни беа Кузмановски и Серафимов со по 5 голови.

Фото: РФМ

Back to top button
Close