Македонските тенисери апелираат за поддршка од трибините на утрешниот дуел со Молдавија

Бројна поддршка од трибините побараа македонските тенисери пред кои утре во Скопје е исклучително важен дуел против Молдавија во рамки на Дејвис купот.

Со победа Македонија ќе има шанси за исчекор во ова натпреварување и пласман во Втората Светска група.

Од таа причина, тенисерите предводени од закрепнатиот Калин Ивановски повикуваат сите кои се во можност утре од 10:30 часот да дојдат и да им дадат поддршка во пресметката со Молдавија.

„Дуелите во Дејвис купот и настапот за националниот тим за секој спортист е дополнителен предизвик за подобра игра, но уште поголем мотив е кога на трибините ќе има и публика. Почетокот на распустот нека биде убава прилика за покрај прошетката низ паркот да се проследи и спортски настан и воедно да им се даде поддршка на македонските тенисери, објави вечерва Тениската федерација на Македонија.

Почетокот на првиот натпревар е закажан во 10:30 часот, а влезот е бесплатен

Back to top button
Close