Македонските тенисерки со најголем скок во БЏК Купот на новата ранг-листа

Македонската женска тениска репрезентација забележа најголем напредок на последното рангирање на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот.

Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49.позиција што е најдобар ранкинг на макеоднските тенисерки..

Воедно, македонската репрезентација е рангирана на 30. место во Евро-африканската зона.

На првите пет места на ранг-листата се репрезентациите на: Канада, Чешка, Италија, Австралија и САД.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close