Македонските јуниорки катастрофално поразени од Словенија на ФИБА купот

 

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на ФИБА „Челенџер“ купот, откако попладнево во второто коло на турнирот во Софија загуби од Словенија со катастрофални 88:22.

Победникот на натпреварот беше познат веќе по првата четвртина во која „црвено – жолтите“ не постигнаа ниту кош, дозволувајќи му на противникот да поведе со 34:0.

Во редовите на македонскиот состав уследи нов голем пад во играта во последната четвртина, која Словенките ја решија во своја корист со 30:0 за на крајот да слават убедлива победа со 66 поени разлика.

Македонските кошаркарки во воведниот натпревар од ФИБА купот во Софија загубија од Украина со 69:52, а следен противник ќе им биде домаќинот Бугарија

Back to top button
Close