Македонските војници и кучињата трагачи неуморно копаат по урнатините во Турција

Припадниците на Армијата на Северна Македонија пристигнаа во погодените региони во Турција и веќе помагаат во спасувачките акции по разорниот земјотрес што го погоди југоистокот на земјата во понеделникот.

Како што беше објавено и од Министерството за одбрана, станува збор за 22 припадници на Баталјонот за специјални сили, но и две кучиња обучени за трагање и двајца водачи.

Од Армијата објавија и фотографии на кои се гледа како тие копаат по урнатините во Турција и го расчистуваат теренот за да се пронајдат затрупани лица од паднатите згради.

„Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије.

Надеж дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки живот каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди“, велат од Армијата.

Back to top button
Close