Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“

Во последните две-три години не бевме сведоци на продуктивни, а често ни цивилизирани средби помеѓу политичарите и дипломатите на Македонија и Бугарија. После секој состанок на некоја домашна, регионална или европска сцена следуваа официјални дообјаснувања, деманти на „вадењата од контекст“ или контранапади за тоа што било кажано, што сакало да се каже или што не било кажано, а требало да се каже, на тие високи државни нивоа и од двете страни. Бугарите, затекнати и вчудовидени од успешноста на Преспанскиот договор, наврат-нанос решија своерачно да ја блокираат европската иднина на Македонија (и Албанија) и главно се заплеткуваа со своите нејасни позиции и спорни „црвени линии“ пред евро-американските партнери, а македонските претставници ги бранеа своите принципиелни морално-политички позиции без вистински, делотворен ефект што би резултирал со напредок во наметнатиот спор со нашиот источен сосед.

Да парафразирам еден украински политичар со квалификациите за меѓународните, наспроти руските тактики во актуелната украинско-руска криза, додека ние игравме внимателен дипломатски шах со меѓународна координација, Бугарите играа домашен популистички покер во кој од ракавот го извадија и најсилниот адут, ветото. Со сите познати последици на домашните политички сцени и ѓурултијата во двете јавности.

 

По изборните расплети и во Бугарија и во Македонија и доаѓањето на две нови личности на чело на владите и во Софија и во Скопје, започнува нова, неизвесна, но понадежна фаза во односите меѓу двете земји. Несомнено, посетата на Петков на Македонија го потврдува ваквиот впечаток. Очигледна е искажаната желба и на бугарска и на македонска страна работите да мрднат „од мртва точка“.

 

Во таа насока, Македонија, правилно, официјално даде вербална нота до ООН дека нема да ја нападне и ослободи/окупира Бугарија и во скора и во неодредена иднина (да, верувале или не, тоа е суштината на нотата!), а Бугарите тоа го оценија, а потоа и го прославија, како конструктивен чекор од наша страна и голем успех за нив, бидејќи око не можеа да склопат од опасноста да бидат територијално освоени од Скопје.

 

„Синоќа првпат спиев мирно, бидејќи вчера сфатив дека братскиот народ на Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија со донираните тенкови (своевремено од Бугарија – н.з.) и нема да има територијални претензии. Нема да ни го земат Банско“ – изјави Бојко Борисов иронично, коментирајќи го гестот на Македонската влада како дипломатска стапица во која наивно упаднал Петков во Скопје наместо… Следуваа некакви политикантски дополнувања од Борисов, кој го урна Договорот за добрососедство што самиот го потпиша, чија смисла не може сосема да се сфати.

Во македонската јавност, пак, се појавија загрижени експертско-политички коментари дека сме направиле „празна“ отстапка, дека се работи за бугарска дипломатска стапица во која наивно упаднал Ковачевски, без ништо да добиеме за возврат. А сме требало да продолжиме да се ценкаме и пазариме, сѐ додека не ги умориме Бугарите и не ги натераме на предавање. Стратегијата што до сега ја практикувавме.

 

Добро, разни, макар и добронамерни губитници и во двете држави имаат право да се лутат и да бидат незадоволни (продолжените хистерии на радикалните националшовинисти не се ни за коментирање), бидејќи, де факто, работите по посетата на Петков во Скопје се придвижија: историјата, главниот камен на сопнување, е турната во „втор план“ (замислете, дури и во последното соопштение од Советот за безбедност на Радев, историјата експлицитно ја нема!); на нејзино место како приоритетни се ставени реалните проблеми за зближување и соработка меѓу граѓаните на двете држави (економски, сообраќајни, транспортни, дигитални итн.), чие решавање има за цел побрзо да ги надмине меѓусебните недоразбирања, наместо да продолжи да ги одржува

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close