Македонското дипломатско претставништво во Брисел го спушти знамето на половина копје

Мисијата на Северна Македонија при ЕУ и македонската Амбасада во Белгија, кои се наоѓаат во истата зграда, го спуштија знамето на половина копје во знак на сочувство со жртвите од автобуската несреќа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Мисијата на Северна Македонија при ЕУ преку Твитер изрази сочувство до жртвите.

– Нема зборови да се изрази колку сме растажени од ужасната вест за трагичната несреќа што се случи ноќеска во Бугарија. Наше искрено сочувство до семејствата на жртвите. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, напишаа македонските дипломати во Белгија.

Back to top button
Close