Макрадули во посета на Пробиштип 

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули  денеска беше во посета на институциите во Општина Пробиштип кои добија средства по повикот од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информираше дека на овој повик општината  доби средства за целосна замена на столаријата во ЈОУГД Гоце Делчев, објект Изворче, чијашто реализација е во завршна фаза, како и за хортиклутурно уредување на дворната површина во објектот Срничка, која ќе следи во периодов.

– За основното училиште „Никола Карев” се обезбедени средства за замена на системот за парно на нафта, дрва и јаглен во чилер систем на топлотни пумпи, со што се намалуваат  трошоците за греење, се подобруваат условите за настава во училиштето, но истовремено и најважно се намалуваат емисиите на штетни гасови и директно се подобрува животната средина, изјави Анастасов и се заблагодари на Владата и Министертсвото за животна средина и просторно планирање.

Тој  потенцираше дека продолжуваат да работат за подобрување на животната средина, како еден од врвните приоритети на општината.

Back to top button
Close