Макрадули во работна посета на општина Дојран

 Во работна посета на општина Дојран денеска престојуваше заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули кој со градоначалникот Анго Ангов направија увид во реализацијата на акцијата за уредување на плажите долж езерскиот брег.

Акцијата за расчистување на плажите на Дојранкото Езеро се одвива на потегот од познатиот ресторан „Фук-так“ до полициските кампови во должина од 600 метри.

– Со расчистувањето на крајбрежјето, освен што отвораме нови плажи, му овозможуваме на езерото повторно да дише и го чистиме по природен пат, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Ангов.

Макрадули и Ангов направиле увид и во градежните работи и реконструкцијата на трите општински објекти кои се адаптираат во објекти за едукација, лабораторија и за истражување и мониторинг на Дојранското Езеро.

И покрај вонредните услови за работа предизвикани со пандемијата на коронавирусот, Макрадули и Ангов констатирале дека општина Дојран успешно продолжува со активностите за разубавувањње и заштита на животната средина која престојот на туристите во Дојран годинава ќе им го направи незаборавен.

Back to top button
Close