Макрадули: Возењето велосипед придонесува и кон остварување на целите за одржлив развој

 

Денескa е Светски ден на велосипедот и со личен пример се приклучувам во одбележувањето.
Водени од значењето на возењето велосипед, Обединетите нации го прогласија 3 јуни како Светски ден на велосипедот, со усвојување резолуција на 12 април 2018 година, за време на 72-та редовна сесија на Генералното собрание на ООН, во Њујорк. При тоа, Резолуцијата беше усвоена со консензус на 193 земји-членки, а со тоа се охрабруваат земјите-членки да посветат особено внимание на велосипедот во меѓусебните развојни стратегии и да го вклучат велосипедот во меѓународни, регионални, национални и локални политики и програми за развој.

Велосипедизмот со себе носи социјални, економски и еколошки придобивки.

Возењето велосипед придонесува и кон остварување на целите за одржлив развој (SDGs), особено во исполнувањето на глобалната цел SDG # 13: КЛИМАТСКА АКЦИЈА

Имено, еколошки гледано, велосипедот е симбол за декарбонизација на транспортот и општествата, затоа што се еколошки превозни средства за кои не се потребни фосилни горива.

Дополнително, возењето велосипед е:
– Добра вежба – со која имаме здрава физичка активност како дел од нашите секојдневни рутини. Светскиот ден на велосипедот е ден да апелираме повеќе луѓе да се придружат.
• Добро е за околината, животната средина, зошто нема валкани издувни гасови да го загадуваат воздухот.
• Добар е во денешни услови за социјална дистанца одејќи на работа и избегнувајќи затворен превоз.

Периодот на пандемијата нѐ обврзува на менување на некои навики, затоа:
• Во функција на реализирање на предлогот од #МКЗеленДоговор – треба да се одреди “Ден без автомобили”, како и стимулирање на комбиниран транспорт, Smart Mobility. По препораките на Европскиот зелен договор, потребно е користење на модели на транспорт. Ова може да има многу различни форми, вклучително и ride-sharing, car-sharing, јавен превоз, одење пешки, возење велосипед и многу повеќе.

Или што би рекол Ајнштајн:

“Животот е како возење велосипед, за да одржиш рамнотежа мораш да се движиш.”

Кабинет на заменик министер
за животна средина и просторно планирање

 

 

Back to top button
Close