Макрон: Денес избравте хуманистички, европски проект

Актуелниот и реизбран претседател на Франција, Емануел Макрон им се обрати на своите поддржувачи во победничкиот говор пред Ајфеловата Кула во Париз, најпрво долго заблагодарувајќи им се за нивните гласови.

Порача дека во наредните 5 години ќе се обиде да ги промени работите во земјата кои довеле до ваква поделеност, алудирајќи на големата поддршка за десничарката Ле Пен.

Сакам да им се заблагодарам на сите активисти и на сите луѓе кои ме поддржаа и го овозможија овој избор. Знам дека вложивте многу од вашата енергија и труд во овој напор. Сакам да им се заблагодарам на сите Французи кои ме поддржаа во двете кола. Ние сакаме независна Франција и силна Европа, сакаме Франција да биде зелена земја. Знам дека многу луѓе гласаа за мене не од убедување, туку за блокирање на крајната десница и сакам да им се заблагодарам и да кажам дека ја разбирам тежината на таа одлука и довербата што ми ја дадоа“, рече Макрон.

Во победничкиот говор Макрон посебно им се обрати на оние кои не излегоа на гласање, а според податоците од Франција, имало 28,2% повеќе од пред пет години.

„Гласовите денес не обврзуваат да одговориме на гневот што им е изразен.

Сакам да им се заблагодарам на сите активисти и на сите луѓе кои ме поддржаа и го овозможија овој избор. Знам дека вложивте многу од вашата енергија и труд во овој напор. Сакам да им се заблагодарам на сите Французи кои ме поддржаа во двете кола. Ние сакаме независна Франција и силна Европа, сакаме Франција да биде зелена земја. Знам дека многу луѓе гласаа за мене не од убедување, туку за блокирање на крајната десница и сакам да им се заблагодарам и да кажам дека ја разбирам тежината на таа одлука и довербата што ми ја дадоа“, рече Макрон.

„Војната во Украина е порака која не потсетува дека поминуваме низ тешки времиња. Францускиот глас мора да се слушне и да испратиме јасна порака до каде сме. Мора да бидеме внимателни и да ги почитуваме поделбите и сомнежите што постојат кај нас и мора да се погрижиме никој да не биде изоставен. „Заедно мораме да работиме за единство, што е единствениот начин да одговориме на предизвиците во Франција кои ќе бидат историски, и мора да ја пишуваме таа приказна за генерациите што доаѓаат“, рече Макрон.

Реизбраниот претседател своето обраќање го заврши со порака за тоа како ја гледа Франција и неговата работа во следните пет години.

„Следните пет години нема да бидат продолжение на она што го направивме во изминатите пет, туку ќе биде нов пат за сите нас, особено за младите. Да живее Републиката! Да живее Франција“, заклучи реизбраниот претседател на Франција.

 

Back to top button
Close