Макрон: Ќе ја зголемиме будноста во врска со новиот вид на коронавирус

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја треба да ја зголеми својата будност во врска со состојбата со Ковид-19, со оглед на појавата на новиот вид на коронавирус во Велика Британија.

Макрон ова го побара за време на претседавањето со онлајн министерскиот состанок на владата, чии делови беа пренесени од француската телевизија БФМТВ.

Британските медиуми потестуваат дека францускиот претседател од минатата недела е во самоизолација и работи од далечина, бидејќи заздравува по позитивниот тест Ковид-19.

Франција претходно ги прекина воздушните и железничките врски со Велика Британија во врска со новиот вид на коронавирус, а францускиот министер за здравство Оливие Веран денеска изјави дека е можно новиот вид на коронавирус веќе да циркулира во земјата, иако досегашните тестови тоа не го поврдиле.

Back to top button
Close